Домот за стари лица „Зафир Сајто“ денеска доби 15 нови инвалидски колички, донација од Ротари клуб Куманово. Клубот подари нови колички и на Општата болница во Куманово.
„Целта е да е подобри квалитетот на животот на корисниците на услугите на старскиот дом, како и квалитетот на здравствената услуга во болницата“, посочуваат од Ротари клуб Куманово.