ВИДЕО: „На смешка“ – следната сабота во Центарот за култура

„На смешка“, „Мали, но големи пеачи“ и „Бисерчиња“ се трите проекти на Телевизија Плус и Асоцијацијата „Мулти Арт“ кои пробудија голем интерес кај младите талентирани изведувачи.

И годинава талентите од Куманово имаат можност да бидат дел од претстојните настани. „Мали, но големи пеачи“ и „На смешка“ следната седмица на сцената на Центарот за култура, а детскиот фестивал „Бисерчиња“ во септември годинава.

Повеќе детали за трите настани во продолжение од изјавата на директорот на ТВ Плус Драган Ивановски.