ВИДЕО: Неделава Куманово е домаќин на претставници од Еразмус проект

Со денешните активности завршува втората мобилност од проектот од Еразмус плус програмата за млади „Развој на социјални вештини за претприемништво кај млади“, во кој што како партнер се јавува и здружението за психологија, психотерапија и коучинг „Психосвет“ од Куманово, заедно со уште три земји од ЕУ. Носител на проектот е Шпанија, а домаќин на активностите во кои учествуваат ученици и наставници од Македонија, Романија, Италија и Шпанија е општинското основно училиште „Толи Зордумис“.

Пријатно добредојде и успешна реализација на Еразмус плус проектот во училиштето, уште првиот ден на учесниците им посакаа директорот Дејан Младеновски и претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

Во рамките на проектните активности се реализираа работилници на тема: „Обновливи извори на енергија”, информира Драгица Стаменковиќ, локален координатор на проектот од здружението „Психосвет“.

-Изминатава недела имавме чест да бидеме домаќини на нашите гости од овие прекрасни земји и да уживаме со нив и да развиваме и заедно да разменуваме искустав ан темата на која што беше посветена мобилноста во Македонија. Имено, проектот се состои од четири мобилности, една веќе заврши како мобилност во Романија, денеска завршува мобилност во Македонија, нашата тема беше „Обновливите извори“, така што беше интересно, креиравме соларни лампи, креиравме за домаќинство кои што сами ќе произведуваат енергија, секако акцентот е на младите и ги запознавме гостите со убавините на нашиот град, знаменистостите, Скопје, Охрид, вчера имавме една забава во ресторан, и денеска завршува проектот. Од нивната евалуација и кажување – премногу се задоволни и изненадени од професионалноста, но и од се она што го видоа во нашата земја ,изјави Драгица Стаменковиќ, здружение „Психосвет“ Куманово.

Следната мобилност ќе започне од 14 февруари годинава во Шпанија.

Проектот „Развој на социјални вештини за претприемништво кај млади“ е во времетраење од  две години, а ќе заврши во јули годинава.