-Од оваа учебна година во рамките на ООУ „Браќа Миладиновци“ прием во прво одделение во посебни паралелки нема затоа што Законот за инклузивно образование е таков сите деца да ги инклузираме и вклучиме во редовни паралелки. Паралелките од второ до деветто одделение во посебни паралелки продолжуваат со работа и сите запишани дечиња ќе си завршат образование во посебни паралелки, а сите инклузирани ученици во редовни училишта кои што имаат проценка од стручно тело за функционална проценка при МКФ треба да доаѓаат во Центарот за поддршка на учењето на учениците со попречност бидејќи ние како посебни паралелки прераснуваме од оваа учебна година во Центар за поддршка и даваме услуги на сите инклузирани деца кои што имаат проценка од стручно тело за функционална проценка при МКФ во овие простории кои се доопремени, легализирани, добиена согласност од МТСП за користење од страна на Центарот во склоп на ООУ „Браќа Миладиновци“. Од оваа учебна година јас како дефектолог, прва започнувам со давање на дефектолошки третмани, третмани по сензорна и со сензорна интеграција, логопедски третман и спроведуваме обука и вклучување на децата за употреба на асистивна технологија според нивните можности и способности.
Веќе бројот се пополнува, имаме опфатено ученици скоро од сите општински основни училишта во градот Куманово кои што имаат потпишано договор за соработка, со Центарот за поддршка при ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово и ниедно дете не е одбиено и очекуваме уште поголем број на ученици во текот на второто полугодие, со самото откривање даваме поддршка на родителите, на наставниците за сите потребни работи кои што се потребни за да овие дечиња ги вклучиме во воспитно-образовниот процес и да им овозможиме подобра социјализација подобро прифаќање, да ја подигнеме јавната свест и да се пронајдат самите себе во овој воспитно- образовен процес. Комисија за функционална проценка, стручно тело има во ООУ „Вук Караџиќ“, во склоп на тоа училиште работи, но комисијата доаѓа се уште од Скопје, во контакт со нив ме информираа дека во најскоро време комисијата ќе работи нон-стоп со кумановски членови на таа комисија.
Јас како дефектолог поаѓам од препораките кои што ми ги дава таа комисија, вршам дефектолошки третмани за подобрување на концентрација и внимание, помош при почетно пишување и читање, развој на фина моторика … Сега за сега јас како дефектолог и логопедот ги спроведуваме овие третмани, а од наредната учебна година ќе има уште еден дефектолог, значи како завршуваат паралелките нагоре од петто одделение се приклучуваме и ќе работиме во Центарот за поддршка. Ние како дефектолози од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Центарот за поддршка влегуваме и во инклузивни тимови во другите основни училишта на подрачјето на Куманово кои што немаат вработен дефектолог односно стручен едукатор при обука и давање насоки на наставници за зработка на индивидуални образовни програми и модифицирана програма за работа со овие ученици, изјави Оливера Ѓорѓиевска, дефектолог