ВИДЕО: Предновогодишен концерт на „Бисерчиња“
Во рамките на Новогодишната културно – уметничка програма на Фондацијата за култура и спорт вчеравечер беше одржан предновогодишен концерт на најмалите кумановски таленти „Бисерчиња“. Децата со своите песнички настапија на сцената во Занаетчискиот дом, а проектот „Бисерчиња“ е во реализација на Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти Арт“ и Телевизија Плус.