Во ресторан „Грација” вчеравечер се одржа промоција на монографијата „Грација-гордоста на Куманово, кралица на угостителството” од примариус д-р Јордан Пачков. Авторот монографијата ја напишал по повод 20-годишното успешно опстојување на овој ресторан во Куманово. Покрај примарната дејност-угостителство, „Грација” е спонзор, поддржувач и организатор на бројни културни настани, со цел професионално дејствување.