ВИДЕО: Пуштен во употреба патот Клечовце – Бељаковце

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и директорот на ЈП „Државни патишта“ Коце Трајановски денеска го пуштија во употреба патот од Клечовце до Бељаковце. За реконструкцијата на оваа делница од регионалниот пат Бељаковце – Клечовце издвоени се 30 милиони денари.

Годинава, за општина Куманово вкупно се планирани 85 милиони денари за рехабилитација на неколку патни правци.