ВИДЕО: Сообраќајна незгода на крстосница на булеварот „Трета МУБ“

На булеварот „Трета МУБ“ на крстосницата кај Градска пекара денеска се случи сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила, а според првичните информации на СВР Куманово, има повредени лица.

Граѓаните се сведоци дека токму на булеварот „Трета МУБ“ семафорите честопати не работат.

На оваа тема денеска говореше и градоначалникот Максим Димитриевски.