ВИДЕО: Успешна година за североисточниот плански регион
Центарот за развој на североисточниот плански регион годинава реализираше проекти од две апликации, за животна средина и за развој на туризмот, информираа денеска надлежните. Набавка на полуподземни контејнери, развој на регионални патишта до туристички цели, реконструкција на стари објекти се дел од проектите со кои аплицираа општините од североисточниот плански регион преку Центарот за развој. Годинава, поради навремено необезбедени средства во буџетот за целосна реализација, дел од проектите ќе се дореализираат следната година.
-Согласно новиот правилник за неразвиеност СИПР падна на второ место, тоа значи дека повеќе не е најнеразвиен, најнеразвиен сега е Вардарскиот плански регион, СИПР со 15,4 отсто од 17,6 проценти падна на второто место што значи успеавме да придонесеме за негов развој. За разлика од претходните години, оваа година се реализираа проекти кои што се уште не се завршени поради проблемите со буџетот на РМ каде што не беа обезбедени доволно средства за реализација на сите проекти, меѓутоа со напорите кои што ги направи Министерството за локална самоуправа се обезбедија средства, проектите продолжија и останаа уште неколку активности кои што ќе се дореализираат до март следната година. Оваа година се аплицираше и се реализираа проекти од две апликации, едната апликација беше за животна средина, а втората апликација за развој на туризмот. Во животна средина аплицираше општина Куманово со потребата за набавка на полуподземни контејнери и повеќенаменско транспортно возило за ЈП „Водовод“ Куманово, а во апликацијата за туризам- општина Кратово имаше барање за развој на патот до туристичкиот локалитет во село Мождивњак, потоа Ранковце за село Опила, Крива Паланка исто така имаше регионален пат кој што е за пристап до туристички локалитет и општина Старо Нагоричане аплицираше со барање за туристички инфо центар т.е реконструкција на два стари објекти спроти општината во Старо Нагоричане така што од овие проекти остана да се дореализира Старо Нагоричане и Ранковце, поради проблемите што ги споменав претходно. Исто така СИПР аплицираше на програмата ИПА – крос бордер Бугарија со проект заедно со општина Куманово- урбан грин, разеленување на општина Куманово во ставката на животна средина каде што општина Куманово ќе биде зазеленета во пределот од поток Серава десната страна до кружниот тек и од пазарчето на Октомвриска револуција до кружниот тек, целата десна страна ќе биде зазеленета. ќе биде среден училишниот двор хортикултурно во економското училиште, како и десната страна т.е дворот на училишниот дом „Професор Мијалковиќ“ од страна на „Бајрам Шабани“ кој што е целосно гол и има потреба од дрвореди, изјави Владимир Павловски, Центар за развој на СИПР, изјави Павловски.
Реконструкција на противпожарната станица во Куманово, реконструкција на спортската сала на училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ , но и дел од регионалните патишта во регионот се проектите за кои што граѓаните на форумските сесии се изјаснија дека сакаат да бидат реализирани во 2025 година, но дали и кога ќе започне реализацијата зависи од тоа колкави средства ќе бидат одвоени од буџетот.
-Се знае точно што ќе се аплицира бидејќи форумските процеси на граѓаните се завршени уште минатата година во декември, меѓутоа исто така поради немање средства во буџетот се уште не се знае колку средства ќе бидат обезбедени од страна на Бирото за регионален развој за проектите кои што граѓаните на општините и невладините организации на форумските процеси ги дадоа како предлог за потреба за развој на регинот. Во тоа спаѓа, реконструкција на противпожарна станица во Куманово, реконструкција на спортската сала на училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ од страна на општина Куманово, некои регионални патишта во регионот, меѓутоа се уште не се знае со колкави средства ќе располагаме следната година за да може да гарантираме дека следната година ќе почне со реализација на тие проекти. Исто така, во завршна фаза е проектот преку грантовата шема на Владата на Швајцарија со министерството за локална самоуправа за фаер шилд тоа е проект за ТППЕ Куманово и ТППЕ Ранковце каде што се обезбедени три противпожарни возила за шумски пожари како и комплетна опрема за пожарникарите за шумски пожари. Реконструирани се гаражните врати на ТППЕ Куманово и обезбедена, изработена е и пуштена е пред една недела во употреба апликација за дојава на шумски пожари која што ќе биде достапна за граѓаните на гугл плеј на епл стор, изјави Павловски.
Центарот за развој, како правен субјект, игра клучна улога во оформувањето на регионалната стратегија и спроведување на планските документи кои се однесуваат на регионалниот развој. Освен што е одговорен за стручните и административно-техничките работи на Советот за развој на планскиот регион, тој исто така активно работи на поттикнување на меѓуопштинската соработка. Центарот е посветен на промоција на развојните потенцијали на регионот и активно соработува со општините, обезбедувајќи им стручна и техничка помош во изработка на нивните програми за развој. Центарот активно се вклучува во искористување на развојните можности кои ги нудат претпристапните Европски фондови ИПА, со организирање на информативно-едукативни работилници за сите заинтересирани страни, како и со директно аплицирање со развојни проекти.