Вработените во СВР Куманово даруваа крв
Во просториите на Секторот за внатрешни работи Куманово се одржа крводарителска акција организирана од општинската организација на Црвенот крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
–Во редовната крводарителска акција на вработените во СВР Куманово се собрани 25 крвни единици. Оваа крводарителска акција како индивидуален одраз на хуманост и на солидарност е трета по ред од предвидените три за 2024 година, што полициските службеници ги реализираат според годишниот план за крводарителство на СВР Куманово. Со секоја крводарителска акција припадниците на полицијата придонесуваат и за афирмација и унапредување на крводарителството во МВР, информираа од СВР Куманово.
Претходно, крводарителска акција беше реализирана и во основното училиште „Крсте Мисирков“ во која учествуваа 31 крводарители.
