ВИДЕО: Гимназијата – домаќин на ученици и наставници од Франција, Португалија и Србија
Ученици и наставници од Франција и наставници од Португалија и Србија до седми март годинава ќе бидат гости на Гимназијата „Гоце Делчев“, а посетата е резултат на претходно остварена соработка со училиштата на семинар во Братислава. Паралелно, оваа посета на Гимназијата во која успешно функционираат билингвални паралелки се случува токму во месецот на франкофонијата.