Димитриевски: Куманово е инклузивна општина

Градоначалникот Максим Димитриевски, по повод денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 Декември, истакна дека Куманово е инклузивна општина која подеднакво се грижи за секого.

„Денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост е силна потврда за нашата заложба како општина во унапредувањето на квалитетот на живот на сите граѓани, вклучително и на овие лица. Се обврзувам дека во следниот период ќе дадеме можност на лицата со попреченост да придонесат за подобро Куманово. Во нашата програма за работа предвидуваме отворање на спортска сала за лица со попреченост, како и бесплатен јавен градски превоз на семејства, кои имаат деца со попреченост и за лица со попреченост. Во општинските училишта ќе поставиме пристапни рампи и тоалети за деца, а ќе направиме и реконструкција на сите тротоари во централното градско подрачје и адаптација за непречено движење на овие лица“, потенцира Димитриевски.

Коментари

коментар(и)