Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во 12:45 часот на улица „Тодор Велков“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 24-годишен кумановец. Според полицијата, при контрола на патниот сообраќај бил запрен мотоцикл „јамаха“, при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Куманово соопшти дека вчера во 10:20 часот на улица „Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 43-годишен кумановец.„При контрола на патниот сообраќај бил запрен мотокултиватор при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.