Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово ги издвојуваме настаните:
СВР Куманово соопшти дека вчера вечер од Општа болница Куманово во полицијата било пријавено дека кај нив било донесено едногодишно дете, затруено од детергент. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во полицијата синоќа било пријавено дека на ул.„Драги Шутевски“ во Куманово било опожарено паркирано патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот е изгаснат, а повреденилица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Ноќеска, два часа по полноќ, полициски службеници лишиле од слобода жител на кумановско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга дека физички ја нападнал и со остар предмет и се заканувал. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.