Заврши реконструкцијата на кровот на СОУ „Гоце Делчев“

Завршена е целосно реконструкцијата на кровот во СОУ Гимназија „Гоце Делчев”, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

„Се врши замена на кровот и на училишната спортска сала и нејзино внатрешно реновирање. Продолжува поставувањето на енергетско ефикасна фасада на целиот објект.  Претходно беа заменети сите прозорци со нови ПВЦ прозорци, а наскоро ќе бидат поставени и нови врати на училниците“, соопшти Димитриевски на ФБ.