Започнува тридневниот меѓународен фолклорен фестивал „ Куманово “

Започнува тридневниот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2024“ во организација на КУД „Панче Пешев”.
Учествуваат фолклорни ансамбли од Mакедонија, Србија и Грузија. Дефилето ќе започне вечерва во 19 часот пред паркот во Соколана. На 28 август сите ансамбли ќе го повторат својот настап на отворено, на централната бина поставена на градскиот плоштад со почеток во 19 часот.

Меѓународниот фолклорен фестивал се одржува под покровителство на општина Куманово.