Делови од населбата Карпош, како и граничниот премин Табановце утре неколку часа ќе бидат без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на утрешниот ден во периодот од 08:15 до 15:00 часот прекини во снабдување со електрична енергија ќе имаат корисниците од населбата Карпош, односно училиштето „Магдалена Антова“ и околните куќи, Никуљски пат, целата Индустриска зона, улицата 100, односно фабриките „Биана“, „Глечер“, „Терма лифт“, „Водан“, „Ѓоше млин“, „Јамико“, „Мега“, „Фраг Мак“, „Штуз“, „Фишер Тихи“ и „Јоцо Турс“.
Во периодот од 09:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе биде и Граничниот премин Табановце.
