(ВИДЕО)Здравствена и сообраќајна струка во ДСУ Регионален центар „Киро Бурназ“

Две нови струки се воведуваат во Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“. Идните средношколци имаат можност да го продолжат своето образование запишувајќи се во една од новите струки: здравствена струка -фармацевтски техничар и сообраќајна струка- техничар за патен сообраќај,  согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година, објавен денеска од Министерството за образвание и наука.

Во здравствената струка се предвидени две паралелки, вкупно 50 ученици, а во сообраќајната струка -една паралелка со 25 ученици.

Инаку, во прва година во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ ќе се запишат 386 ученици во 14 паралелки (268 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 118 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за:

– земјоделско – ветеринарна струка – 109 ученици, 4 паралелки -агротехничар / техничар за агроменаџмент (соработка со мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 40 поени минимум 25 ТДДЗП„КЛЕЧОВЦЕ“ ДООЕЛ,„АДУТ ГВН“„МУСЛИ ЈУНИОР“,„СЛУПЧАН ФАРМ“ ) -агротехничар / техничар за агроменаџмент (соработка со ТДДЗП„КЛЕЧОВЦЕ“ ДООЕЛ,„АДУТ ГВН“„МУСЛИ ЈУНИОР“,„СЛУПЧАН ФАРМ“) алб 25уч. 1 пар. 4 г.тр. 40 поени минимум – техничар по ветеринарна медицина / техничар за фитомедицина (соработка со „СТИВ – ВЕТ“, ) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум – техничар по ветеринарна медицина/ техничар за фитомедицина алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум.

-хемиско – технолошка струка – 84 ученици, 3 паралелки – прехранбен техничар (соработка со ДПУТ „Бучен Козјак“) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум – техничар за козметички и хемиски производи мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум – пекар (соработка со „АМОР – ВЕЛ КОМПАНИ“ ДООЕЛ) мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

-лични услуги – 93 ученици, 3 паралелки – техничар за козметичка нега и убавина (соработка со „РИНА ГЛАМ ХАУС,„СТУДИО МАКИ – 2018“,„СТУДИО ТЕ ГИЛИ 2014“„СТУДИО АРЈЕТА ЕБИБИ ДОО.) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум – техничар за козметичка нега и убавина алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум – фризер (соработка со Козметички салон„Хепи Лејди“) мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

-машинска струка – 34 ученици, 1 паралелка – машински техничар за моторни возила мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум.

-сообраќајна струка – 25 ученици, 1 паралелкa – техничар за патен сообраќај (соработка со ДСТУ„ЈОЦО ТУРС“ МС,ДППУТУ „ОЛИ – ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ, ДООЕЛ ФИКРЕТ Туризам, ДПТУ„ЕДИ – ТУРС“ ДООЕЛ) мак 25уч. 1 пар. 4 г.тр 55 поени минимум

-здравствена струка – 50 ученици, 2 паралелкa 26 – фармацевтски техничар (соработка со ПЗУ Аптека „Про Виталис“, ПЗУ Аптека „Марк Фарм“, ПЗУ Аптека „ВН Хигија“) мак 25уч. 1 пар. 4 г.тр 70 поени минимум – фармацевтски техничар (соработка со ПЗУ Аптека Дрита Фарм, ПЗУ ЕДА Фарм, ПЗУ Аптека Беладона) алб 25 уч. 1 пар. 4 г.тр 70 поени минимум.

 

Коментари

коментар(и)