Кампања „Крени глас против врсничкото насилство”

Општинските основни училишта во Куманово, активно ќе бидат вклучени во едукативната кампања на „Макпетрол” против врсничкото насилство. За таа цел, вчера во Скопје, градоначалникот Димитриевски потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и компанијата „Макпетрол”, која организира работилници на оваа тема во основните училишта во земјава.
Преку работилниците кои се предводени од психотерапевт, проблемот ќе се обработува од различни аспекти, ќе се делат печатени материјали на учениците, стручните служби и на родителите, за да се зголеми јавниот интерес за проблемот со булингот.
„Крени глас против врсничкото насилство” е општествено одговорна кампања, која е составена од повеќе елементи, а главен столб е интернет страницата – kreniglas.mk.

Коментари

коментар(и)