„Киро Бурназ“ го реализира проектот „Стапките на природата“

Во рамките на Еразмус + проектот „Стапките на природата“  од 22-28 август во државното средно училиште „Киро Бурназ“ се одржала работна средба со две партнерски училишта од Турција и едно од Полска која е координатор на проектот. За пет дена со работилници биле подготвени анимирани видеа за тоа како да се спаси нашата планета и да се намалат јаглеродните емисии. Во рамките на проектот биле организирани и предавања за пожари и зачувување на природата од пожари и чистење на шумите со можност за разговарање на теми поврзани со зачувување на природната средина  со другите учесници.  Работната средба била искористена и за подобрување на  ИКТ вештини, англискиот јазик, но и за учење за пчелите и нивното значење за природата  со директен пристап преку формален и неформален процес на учење за време на мобилноста. Другите партнери преку посетите на културно-историските места и природните убавини  дознале за македонската култура и традиција.

Преку проекти од  Еразмус + програмата вработените во нашето училиште  развиваат организациски вештини и стекнуваат искуства во менаџирање на европски проекти, информира координаторката на проектот, од „Киро Бурназ“, Силвана  Јосифовска-Тасиќ.

Коментари

коментар(и)