Кумановец осомничен дека нападнал и ограбил скопјанец
27-годишен граѓанин на Куманово викендов бил приведен под сомнение дека заедно со уште едно лице, нападнале и ограбиле скопјанец, соопшти министерството за внатрешни работи.
Според МВР, настанот се случил во Скопје, на подрачјето на Центар. Кумановецот бил лишен од слобода, по претходна пријава дека кумановецот заедно со уште едно лице, од 22-годишник од Скопје, одзеле пари и физички го нападнале, а употребиле и остар предмет.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат надлежните.