Кумановец физички нападнат од жител на село Станци

Полициски службеници од ОВР Крива Паланка  вчеравечер лишиле од слобода 39-годишен жител на село Станци, кривопаланечко, затоа што во селото физички нападнал 50-годишен жител на кумановско.

Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.