Кумановец физички нападнат од неговиот брат во Кучкарево

Кумановец викендов бил натепан од својот брат, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според надлежните, на шести јули годинава во 15.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во кумановско Кучкарево, 38-годишен жител на селото бил физички нападнат од неговиот брат.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.