Куманово годинава без новогодишни тезги на плоштадот
– Подносителите на барања за рентање на тезги кои ги бараат за да продаваат новогодишни материјали, честитики, украси и други видови производи кои се продаваат за време на новогодишните празници, ги злоупотребуваат договорите кои ги потпишуваат и од овие локации прават мобилни продавници за текстил и секаков вид други призводи, а притоа и видно и од естетски и визуелен аспект ја нарушуваат поставената содржини. Минатата година ветија дека ќе го почитуваат договорот, но тие не го испочитуваа договорот и по мое барање беа дисцлориани сите до еден. Немам намера да создавам лоша слика во централното подрачје и имам намера една лоша пракса да ја неутрализирам во градот, рече Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово, на седницата за советнички прашања.