Кумановци ги обновуваат документите за трето и четврто дете

До 31 март годинава ќе трае приемот на барањата за продолжување на користење на правото на родителски додаток за трето и четврто дете. На територијата на Куманово вкупниот број на корисниците на правото на родителски додаток за трето дете изнесува 2 440, односно 1 612 од Општина Куманово, 764 од Општина Липково и 64 корисници од Општина Старо Нагоричане, додека пак додатокот за четврто дете  го користат вкупно 84 граѓани. Со барањето кое што може да се земе во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, односно кај стручното лице треба да се достават и други документи.

-Барањето треба да го поднесе носителот на правото лично и со себе да носи лична карта на увид, доказ дека не му е одземено росителското право над децата кој го издава надлежниот суд, доказ за примени вакцини, потврда од училиште дека детето е запишано во училиште и редовно ја следи наставата. Корисниците веќе ги поднесуваат барањата за продолжување на овие права. Новиот износ за 2020-та година за трето дете ќе изнесува 8 362 денари, додека за четврто дете – 11 706 денари, изјави Александра Арсовска, директор на Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово

Новина е што по донесувањето на новиот закон за социјална заштита, центарот за социјална работа во Куманово направи нова организација на работата и започна со интегрирано водење на случаите, односно сега корисниците на правата за сите права се обраќаат кај еден стручен работник, во една канцеларија, во зависност од адресата на нивното постојано место на живеење. Интегрираното водење на предмети се покажало мошне позитивно како за корисниците, така и за администрирањето на правата, посочува директорката Арсовска.

-Корисниците повеќе не поднесуваат барања на неколку различни места со што повеќе немаат трошоци за поднесување на барања и оставарување на правата, па така одредено домаќинство кое живее во село кое е дел од Општина Липково за сите права од социјална заштита се обраќа кај едно стручно лице во канцелариите на Опшина Липково. Таму работата на ЦСР е поделена на шест територии на два оддели Матејче и околни села и Слупчане  околни села. Во ЦСР Куманово имаме поделба на 12 територии и една канцеларија која работи и ги администрира сите права за жителите на Општина Старо Нагоричане. Сега имаме увид колку права од социјална заштита користи едно домаќинство и какви социјални ризици има во истото, дали е ризик само материјалната необезбеденост како резултат на долгорочна невработеност или пак има други ризици како што се болест, попреченост, самохран родител, старо лице материјално необезбедено итн., изјави Арсовска.

Надлежните потенцираат дека има домаќинства кои што користат и повеќе од пет права од социјалната заштита, но голем е и бројот на оние кои што користат три права бидејќи сега и корисниците на поранешна социјална помош, а сега гарантиран минимален приход ги користат и правата од детска заштита како што се детскиот додаток и образовниот додаток кој сега го користат и за децата од основно, а не само од средно образование.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)