Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15 часот лишиле од слобода 38-годишен кумановец поради сомнение дека истиот ден од продажен салон во Куманово одзел мобилни телефони, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според СВР, одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Крадецот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.