Максим Димитриевски -претседател на Движење ЗНАМ- За наша Македонија
Основачко Собрание на политичката партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија се одржа вчеравечер во зградата на поранешен комитет, а на настанот присуствувале поддржувачи од целата држава, стои во соопштението испратено до медиумите. Како што се наведува во него, за дел од работното Претседателство избрани се проф. др. Катерина Тодороска и Емил Јанески, а на предлог на госпоѓа Жанета Делова, претседателка на здружението „Тиквешка заедница за напредок и просперитет”, Максим Димитриевски е избран за претседател на политичка партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија.
За членови на Извршниот одбор избрани се: Генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков. За членови на Надзорниот одбор изберени се: Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје.
