(ВИДЕО) Матурантите утре ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик

Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, утре (сабота) со почеток во 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15 294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7050 се од гимназиско образование, 7983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Сите тие ќе го полагаат предметот мајчин јазик – македонски јазик и литература ќе полагаат 10 848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 – турски јазик и литература.

Вториот екстерен испит, кој е изборен, ќе го полагаат на 11 јуни.

Коментари

коментар(и)