МВР: Приведена кумановка- мајка физички го нападнала синот, се заканувала и на сопругот
33 -годишен кумановец вчера попладне пријавил дека претходниот ден во угостителски објект на улицата „Моша Пијаде“ бил физички нападнат од две лица, соопштија надлежните.
Вчеравечер полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 35-годишна кумановка бидејќи физички го нападнала нејзиниот син и со остар предмет се заканувала на нејзиниот сопруг. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Исто така вчера попладне во 18.00 часот во СВР Куманово, 38 – годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случаите.