Монодрамата „Прво лице еднина“ учествува на INTERNATIONAL MONODRAMA FESTIVAL-DULSINEA во Улцињ, Црна Гора, објави Театар Куманово.
Актерката Владанка Крстевски со монодрамата „Прво лице еднина“ ќе биде дел од фестивалската програма на 21 август (петок) во 21.00 часот. Претставата е во режија на Драгана Гунин.
Монодрамата е авторски текст на актерката Владанка Крстевски, инспириран од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало. Претставата го прикажува процесот на една актерка која се соочува со изборот дали да ги оствари своите соништа приватно и професионално или да отстапи од нив.
Премиерно беше изведена во мај 2019 година, а тематиката е животната борба и улогата на жената.