Министерството за образоване и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување на ученички стипендии за учебната 2026-2027 година.
Станува збор за прифатени апликации по конкурсот на МОН во шест категории.
– 50 (педесет) стипендии за ученици– деца без родители
– 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите)
– 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите
– 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици – спортисти
– 300 (триста) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи
-150 (сто и педесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од ТРИГОДИШНО траење
За сите останати категории на стипендии, резултатите ќе бидат дополнително објавени.
Сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk, во делот „Мои апликации“, во колоната „Документ за одлука“. По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
Повеќе детали за резултатите на веб-страната на МОН.