На спомен-костурницата во Зебрњак во сабота (24 октомври) годинавa со почеток во 11 часот традиционално ќе се одбележи 114-годишнината од Кумановската битка.
Одбележувањето на годишнината го организираат Српската заедница во Македонија и Српскиот културен центар – Скопје, во соработка со Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија, а под покровителство на Министерството за надворешни работи на Република Србија – Управата за дијаспора и Срби во регионот и Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Република Србија.
„Со положување венци и достоинствено оддавање почит ќе биде зачуван споменот на загинатите борци и историското значење на Кумановската битка. Во рамки на комеморацијата е предвидена и пригодна културно-уметничка програма“, соопштија организаторите.
Фото: Архива на ТВ Плус