Објавен повик за финансиска поддршка на активности од здравствена заштита
Општина Куманово вчера објави јавен повик објави јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2024 година.
Подигнување на свеста за превенција на дијабетесот, за превенција од сексуално преносливи болести, подигнување на свеста кај родителите заради поголем опфат со вакцинација кај децата, рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања се само дел од темите од областа на здравствената заштита кои ќ бидат опфатени во кампањите.
Јавниот повик е објавен на официјалната веб страна на општина Куманово www.kumanovo.gov.mk и ќе трае 7 работни дена од денот на објавувањето, информира раководителот на Секторот за култура и спорт, социјална и детска заштита Александар Крстевски.