Одбележани 45 години од смртта на Тито

На четврти мај пред 45 години почина Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал и врховен командант на вооружените сили, кој владееше со Југославија повеќе од 30 години.

По тој повод членови на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав од Куманово положија свежо цвеќе на плоштадот кој го носи неговото име.