Одбележан Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет
Во организација на меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Куманово, Кратово и Крива Паланка – Мобилност Куманово, со поддршка на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – НСИОМ денеска во ресторан Грација беше одбележан денот на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
На работилницата со тема „Преземени активности во 2024 година и актуелни состојби за подобрување на правата на лицата со телесен инвалидитет, со осврт на финансирањето на сојузот и здружените членки”, учествуваа претставници од Мобилност Македонија, претставници од локалната самоуправа, институции и организации соработници на Сојузот и претставници на националните инвалидски организации и НСИОМ, како највисока организација, која ги штити интересите на сите нејзини членки.
На пригодниот настан, пред присутните се обрати и активно учествуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски.