Околу деветстотини ученици се запишани во средните училишта за учебната 2024/25

Вкупно 878 ученици се запишани во средните училишта во Куманово. Факт е дека последниве години расте интересот за стручно образование, велат од Секторот за образование во општина Куманово. Засега речиси двојно повеќе ученици се определиле за стручно образование отколку за гимназиското, но бројката, како што посочува раководителот Александар Јовановиќ не е конечна.

Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ се запишале 368 ученика и на македонски и албански наставен јазик.

Во „Перо Наков“ настава ќе следат 193 ученика на македонски и албански наставен јазик.

Во гимназијата „Гоце Делчев“ запишани се 175 ученика на македонски, има една билингвална и една паралелка на српски јазик.

Во гимназијата „Сами Фрашери“ запишале 142 ученика на албански наставен јазик.

Коментари

коментар(и)