Опожарена ниска вегетација кај поранешен хотел КУ-БА

Општина Куманово ги известува граѓаните дека според информациите од СВР Куманово и ТППЕ – Куманово, дeнес до (14:00 часот) на територијата на општина Куманово е евидентиран пожар на ниска вегетација (суви дрвја) во место Проевце (поранешен хотел КУ-БА).

-Апелираме до граѓаните да не се опожаруваат стрништа и суви треви особено во овој период за да не дојде до појава на пожари. Потсетуваме дека на територија на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со пожарите, а на сила е и забраната за движење во шумите, пишува во соопштението од општина Куманово.