Опожарен мотоцикл на улицата „Страшо Пинџур“
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчеравечер дваесетина минути пред 20 часот лицето Е.М. пријавила дека на улицата „Страшо Пинџур“ во Куманово настанал пожар во мотоцикл „пежо“ со кумановски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово.