Патот Ранковце-Герман е непрооден поради снежните врнежи
Додека во нашиот град се поминува без позначајни проблеми жителите од Герман, Пклиште и Станча во Општина Ранковце останаа завеани од снежните врнежи. На регионалниот пат Ранковце – Герман, во должина од околу 20 км, има снежни навеи и до 2 метри, кои го отежнуваат расчистувањето. Екипите на „Македонија пат“ се обидуваат да го пробијат патот, но поради постојаните врнежи и засилен ветер, засега тоа е безуспешно.
Магистралниот пат кон граничниот премин Деве Баир е расчистен и засега сообраќајот се одвива непречено.