Патронен празник на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“
Општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата „Перо Чичо“, денеска одбележува шеесет и шест години од своето постоење и 81 година од смртта на козјачкиот херој. По повод патрониот празник беше положено свежо цвеќе пред бистата на народниот херој. Денешниот патронен празник на училиштето се разликува од претходните години. И во ова училиште утрово беше пристигната закана за поставена експлозивна направа во објектот.
Инаку, вчеравечер во организација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав се одржа традиционалната „Карпошова“ вечер под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово.
За ликот и делото на Карпош зборуваше претседателот на ЗАПВАРС, полковник во пензија Томислав Стојковски.
Настапија и учениците од ООУ „Христијан Карпош”, со интерпретација на свои творби за Карпош.