Без снабдување со електрична енергија утре во период од 08 до 15 часот ќе останат корисниците во селата Табановце, Воиновиќ, Сопот и воените објекти во селото Четирце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, утре од 08 до 14.30 часот без струја ќе бидат Долно Којнаре, Горно Којнаре, Речица, Табановце, Граничниот премин Табановце, Сопот, Воиновиќ и дел од улицата „Никола Тесла“, а од 08.45 до 14.45 часот, населбата Бедиње, улиците „Трајко Јовановски“ и „11-ти Ноември“.
И на 25 ноември (среда) повеќе населени места и улици ќе останат без снабдување со електрична енергија. Во периодот од 06.30 до 15 часот без струја ќе бидат улиците „Бранко Богдановски Гуцман“, „Теофон Економов“, „Вараждинска“, „Горно Милановачка“, дел од месноста Трговски и дел од булеварот „3-та Македонска ударна бригада“. Од 08 до 15 часот, дел од селото Младо Нагоричане, кај млинот „Моша Мел“, во општина Старо Нагоричане. Од 08.15 до 15.30 часот, дел од булеварот „3-та Македонска ударна бригада“, односно објектите спроти бензинската пумпа „Лукоил“. Од 08.45 до 14.45 часот, населбата Бедиње, улиците „Трајко Јовановски“ и „11-ти Ноември“. Од 09.15 до 14 часот, компанијата „Тушевски“ на улицата „11-ти Октомври“, поради реконструкција на нисконапонска мрежа.
Четврток, 26 ноември, oд 06.30 до 15 часот, дел од улицата „Иво Лола Рибар“, дел од улицата „Партизанска“, дел од улицата „Климент Охридски“, плоштадот „Маршал Тито“ и Стопанска банка. Од 09 до 12.30 часот, дел од селото Отља, во општина Липково.
Петок, 27 ноември, од 08.45 до 14.45 часот, населбата Бедиње, улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.