Секторот за внатрешни работи соопшти дека викендов ( 17.10.2026 г.) околу 15:10 часот во полицијата било пријавено дека на регионален пат Куманово-Липково, поточно во село Oпae, Општина Липково се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 18-годишна жителка на село Слупчане излетало од патот и удрило во метална конструкција.
Според СВР Куманово, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, на возраст од 18 години од село Слупчане констатирани во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.