Повреден кумановец при извршување на работни задачи

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошол жител на село Љубодраг, кумановско.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во домот на соселанец.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.