Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денесka потпиша Меморандум за соработка со ЈЗУ Општа болница и МВР – СВР Куманово, во рамки на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, донесена од Советот на Општина Куманово.
„Заедно со директорот на ЈЗУ Општа болница, Сашо Стошевски, и началникот на МВР – СВР Куманово, Никица Петрушевски, се обврзавме на заедничко дејствување со цел превенција и намалување на социо-здравствените ризици кај младите. Во фокусот е превентивна кампања посветена на опасностите од дрога и други психотропни супстанции, наменета за учениците од средните училишта на територијата на Општина Куманово. Нашата обврска е да создаваме безбедна средина за младите, да ги информираме и навремено да ги заштитиме од ризиците кои можат да го загрозат нивното здравје и иднина. Превенцијата е заедничка одговорност. За нашите млади – денес, но и за нивната иднина“, објави Димитриевски.