Почина пациент поврзан со ковид-19, соопшти Институтот за јавно здравје

Институтот за јавно здравје соопшти дека од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице поврзано со Ковид-19. Станува збор за пациент над 60 години од Куманово кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Од Институтот за јавно здравје информираат дека лицето било вакцинирано против Ковид-19 со две дози вакцина – последна доза пред повеќе од три години.

Регистриран е и еден нов случај на Ковид-19. Станува збор за лице од Струга. Минатата недела евидентирани биле три оздравени лица.

Во текот на годината, заклучно со 26 јануари, евидентирани биле вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во јануари е за 2,3 пати поголем во однос на декември.

Здравствените власти препорачуваат следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и станати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица, нагласуваат од ИЈЗ.