По повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово утревечер ќе се одржи голем музички концерт на градскиот плоштад со почеток во 19.30 часот.
Концертот ќе започне со настап на локални изведувачи во музичката придружба на групата „Солушн“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на Мартинијан Кириловски, Марио Арангеловски, Чапај, Ивона Јо, Анастасија Спасевска, Лука Чомбе, Драгана Јовановска, Филип Александровски, Young Dadi, Bardhi, Brass Brothers и Next Time.
Концертот е во организација на Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Во среда, традиционално во чест на празникот на градот ќе биде положено цвеќе на Спомен -костурницата по што ќе се одржи свечена седница во Занаетчискиот дом на која ќе бидат доделени и ноемвриските награди на годинешните добитници.