Приведени кумановци осомничени за подметнување пожар

Две лица од Куманово на возраст од 27 и 33 години биле приведени вчера попладне под сомнение дека запалиле автомобил на свој сограѓанин. Според полицијата, на 08.12.2021 на булеварот „Трета МУБ“ двајцата, сега приведените, предизвикале пожар во патничко возило „фиат деа“, сопственост на С.К. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тие биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)