Приведен камионџија од Турција на ГП Табановце
Седумдесетгодишен камионџија бил приведен вчера на „Табановце“ бидејќи приложил фалсификувани зелени картони.
МВР соопшти дека вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Н.(70) од Република Турција поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека за патничко возило „мерцедес бенз“ и приколка „кандил“ со турски национални ознаки приложил фалсификувани зелени карти.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.