Приведен кумановец за доиздржување затворска казна

Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен ноќва, половина час по полноќ, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, лицето било барано поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Куманово во село К’шање, каде издржувал затворска казна.

– Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, стои во соопштението.