Приведен кумановец осомничен за опожарување на возилата и деловниот објект

Кумановец на возраст од 35 години е приведен под сомнение дека ги опожарил трите возила и деловниот објект во Куманово на втори декември годинава, информираат од СВР Куманово.

Надлежните информираат дека денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 35-годишен кумановец.

– Кумановецот  бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.